Њујоршкиот сајт Вокс објави текст во кој Словенија се вбројува во неколкуте држави кои најуспешно се справиле со епидемијата на новиот коронавирус, пренесе словенечката новинска агенција СТА.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во групата со Словенија се и Грција, Исланд, Виетнам и Јордан.

– Владите на Словенија и на навремено дејствуваа и ги затворија државните граници, донесоа одлука граѓаните да седат дома, направија големо тестирање за коронавирусот и извршија брза изолација на заразените. Дополнително граѓаните одржуваа социјална дистанца, а носењето заштитни маски е задолжително. Ваквите мерки се причина овие земји, секако на задоволство на граѓаните повторно да се враќаат во нормала, пишува во текстот на Вокс.

За авторот на анализата Алекс Вард, исто така е импресивна малата бројка на заразени во Словенија, бидејќи земјата е многу блиску до Северна Италија која е тешко погодена од заразата со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 14:45