За време на двомесечната пандемија на коронавирусот во Италија опадна популарноста на контроверзниот десничарски политичар Матео Салвини, покажуваат анкетите, додека популарноста на премиерот Џузепе Конте е на добар пат да се зголеми.

Партијата на Салвини, Лига, ја поддржуваат помалку од 25 проценти од испитаниците, што претставува намалување од претходните 34,3 проценти што ги освои на европските избори пред една година, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот Икс, објавени денеска.

Што се однесува до партиите на владејачката коалиција, Демократската партија на Левиот центар е поддржана од 22,9 проценти од граѓаните, популистичкото движење „Пет ѕвезди“ има 16,8 проценти, а „Италијанските браќа“, уште една екстремно десничарска партија, има поддршка од 13,8 проценти од избирачите.

На минатонеделните анкети, Лига беше поддржана во просек од 27,2 проценти од испитаниците, намалку од јуни 2018 година.

Истовремено поддршката за премиерот Џузепе Конте се зголеми на 58 проценти од 35 проценти во средината на февруари, пред избувнувањето на пандемијата, покажа истражувањето на Икс.

Во време на криза, рејтингот на владите се зголемува заради тоа што аналитичарите го нарекуваат „национална хомогенизација“.

Италија во понедлникот почна со постепено олеснување на мерките. Во земјата, повеќе од 29.000 луѓе починаа од Ковид-19 и заразени се околу 213.000 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 15:16