Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се појави денеска во Долниот дом на британскиот Парламент, првпат откако беше болен од Ковид-19, каде ќе одговара на прашања во врска со бројот на починати од коронавирусот во земјата, кој е најголем во Европа.

Тој првпат во Парламентот ќе се соочи со лидерот на лабуристите, сер Кир Стармер, кој е избран за претседател на опозициската Лабуристичка партија на почетокот на минатиот месец.

Џонсон ќе одговара на шест прашања, кои ќе му ги постави Стармер, поврзани за заштитната опрема и бројот на починати во домовите за стари и изнемоштени лица.

– Добро е што се вратив. Сакам да им оддадам почит на припадниците на Националната здравствена служба и 29 негователи кои за жал починаа од новиот коронавирус, истакна Џонсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 15:16