Белгискиот Федерален центар за јавно здравје предупредува дека постојат сценарија за нов, поголем бран на зараза со Ковид-19 уште во август, но оти е можен и трет бран.

– Можно е бројот на заразени како и бројот на хоспитализирани луѓе наскоро повторно може да почне да расте доколку пребрзо и немарно се укинат рестриктивните мерки или доколку не се придржуваме до правилата, изјави белгискиот епидемиолог Стивен Ван Гухт.

Белгиските експерти предупредуваат дека не е исклучено и воведување на втор „карантин“ на земјите на зима со цел да се намалу ширењето на инфекцијата.

– Се зависи од тоа колку ќе успееме да го адаптираме нашето однесување на новонастанатата ситуација и колку ќе биде успешна стратегијата за следење на контактите, се наведува во соопштението на белгискиот Центар за јавно здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 22:24