Онлајн платформата за наем на сместување за туристи Ербнб (Airbnb) ќе отпушти околу 25 отсто од своите вработени, откако пандемијата на Ковид-19 силно ја погоди индустријата на патувања и туризам и ја доведе во прашање основната дејност на компанијата.

Ербнб информира дека наскоро ќе отпушти речиси 1.900 лица од вкупно 7.500 вработени ширум светот, јави Си Ен Ен Бизнис.

„Колективно минуваме низ најтешката криза во нашите животи и со развојот на пандемијата запреа глобалните патувања, рече извршниот директор на Ербнб и ко-основач на фирмата Брајан Чески во писмо до вработените.

Тој додаде дека бизнисот на Ербнб е „тешко погоден“ и оти се очекува годинешните приходи да бидат намалени за повеќе од половина од она што го заработила компанијата во 2019 година.

Според Си-Ен-Ен, Ербнб, исто така, наводно ги одложил плановите за деби на Вол Стрит оваа година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 22:32