Индиските воени сили убиле четворица бунтовници во вооружените судири во Кашмир, меѓу кои и командантот на една од најголемите сепаратистички групи што се борат против Њу Делхи во спорната област на Хималаите, соопштија полициските власти.

Стотици индиски војници беа испратени доцна синоќа на југот на Кашмир, откако добиле дојава дека Ријаз Наико, командант на групата „Хизбул Муџахедин“, се крие во едно село во областа. Главниот инспектор на полиција во Кашмир потврди дека војската го опколила Наико во домот во кој се криел и дека бил убиен во престрелката што следувала, заедно со тројца негови соработници.

Тој додаде дека уште двајца бунтовници се убиени денеска, во друга престрелка, во близина на истото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 22:40