Во светот е регистриран најголем пад на емисиите на јаглерод диоксд, а тоа е резултат на глобалните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата со новиот коронавирус.

– Ниту војна, ниту рецесија, ниту претходната пандемија немаа такво драматично влијание на емисиите на ЦО2 во минатиот век, како што предизвика Ковид-19 за неколку месеци, објави Би-Би-Си.

Поради рестриктивните мерки воздушниот и копнениот сообраќај се значително намалени.

Би-Би-Си истакнува дека постојат големи разлики во намалувањето на емисиите на ЦО2, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Во Париз регистриран е пад на ЦО2 за 72 проценти во март, додека во Њујорк намалувањето е само 10 отсто.

– На подрачјето на Париз нема големи електрани на фосилни горива, ниту индустриски локации. Друга разлика е дали зградите се греат на гориво или на струја. Во Франција околу 70 проценти од електричната енергија доаѓа од нуклеарната енергија, изхави Филип Сие од Институтот Пјер Симон Лаплас од Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 22:42