Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Работната група на Белата куќа задолжена за кризата со коронавирусот ќе ја продолжи својата работа на пандемијата, фокусирајќи се на вакцините и терапијата.

„Поради својот успех Работната група ќе продолжи да работи на неодредено време, со натамошен фокус врз безбедноста и повторното отворање на нашата земја“, напиша Трамп на Твитер, пренесоа британските медиуми.

„Работната група ќе биде многу фокусирана на вакцините и терапиите“, напиша Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 22:48