САД ќе ја употребат секоја можност за да ги ослободат двајцата Американци, за кои се тврди дека се упасени при неуспешниот обид за државен удар во Венецуела, изјави државниот секретар Мајк Помпео.
-Доколку режимот на Мадуро одлучи да ги задржи, ќе го искористиме секој инструмент што го имаме на располагање за да се обидеме да ги вратиме, рече Помпео пред новинарите.
Тој го повтори демантот на претседателот Доналд Трамп за учеството на неговата земја во настанот, додавајќи дека „доколку ние учествувавме нештата ќе се развиваа на поинаков начин“.
Венецуелските власти на 3 мај јавија дека успеале да спречат упад на група платеници од Колумбија, кои сакале да извршат преврат во Боливарската република.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во телевизиско обраќање соопшти дека се фатени 13 платеници, кои имале намера да извршат преврат во републиката. ;Меѓу нив имало и членови на американските безбедносни служби.