Суд во Нигерија осуди човек на смрт со бесење, во рочиште одржано преку апликацијата Зум. Организацијата за човекови права Хјуманс рајтс воч денеска оцени дека станува збор за свиреп и нехуман начин на пресудување по овој предмет.

Судијка од Лагос го осуди Олелекан Хамид на смрт со бесење поради убиство на една жена. Сослушувањето треше три часа, на кое присуствувале и адвокатите. Пресудата е донесена во понеделникот, при што Хамид се вклучил на Зум од затворот, судијката од Врховниот суд во лагос, а адвокатите од други локации. Хамид изјави дека не е виновен за убиството на 76-годишната Јоласун Окинсања.

– Судот пресудува дека ќе ве обесат со бесење за врат додека не ве прогласат мртов. Бог нека се смилува на вашата душа. Тоа е виртуелната пресуда на судот, рече судијката.

Претставник на Хјуманс рајтс воч за Би Би Си изјави дека виртуелната судница покажала дека е можно и натаму да се има пристап до правото и законите, но дека е погрешно да се носи пресуда за смртна казна преку виртуелно судење. „Оваа казна е архаична, свирепа и нехумана и треба да се укине“, оцени ХРВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 23:07