Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска објави дека регионот на Западен Балкан е апсолутен приоритет за Европската унија и Европската комисија, на чие чело е таа.

-Западен Балкан и припаѓа на Европската унија и тука за тоа нема никакво прашање, затоа цврсто верувам дека ЕУ има посебна одговорност кон партнерите во регионот, рече Фон дер Лајен во говорот по видео-самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што попладнево се одржа место состанокот закажан за почетокот на мај во Загреб.

Таа кажа дека самитот е сведоштво за важноста што Европската унија му придава на регионот, како и сведоштво дека Западен Балкан е апсолутен приоритет за ЕУ ​​и ЕК.

Таа, исто така, соопшти дека регионот на Западен Балкан покажал јасни знаци на солидарност со ЕУ во тешкиот период за време на пандемијата на коронавирусот, и се заблагодари за тоа.

Ова е јасна порака, рече Фон дер Лаејн, истакнувајќи дека ЕУ исто така одредила пакет финансиска помош за Западен Балкан.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 23:42