Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави вечерва дека во текот на денешниот ден во земјата се извршени тестирања на 324 лица кои биле во контакт со заболени од Ковид-19, при што четворица од нив резултирале позитивни на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вкупната бројка на заразени од појавата на пандемијата во Косово, вклучително денешните случаи, достигна до 860.

Денеска, според соопштението на ИШПК, се забележани и нови 43 случаи на лица кои се излекувани од заразата. Во целата држава, согласно пропишаните методи на Светската здравствена организација, вклучително денешните случаи, официјално како излекувани се водат 533 лица.

Бројката на починати од заразата, останува и натаму 26, при што последниот случај е евидентиран во неделата во Зубин Поток во Северно Косово. Косовките здравствени власти нагласуваат дека сите жртви на заразата страдале и од други хронични болести.

Според овие официјални податоци, во Косово моментално се активни 301 активен случај на заразени од новиот вирус.

Бројот на извршени тестирања во Лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК, вклучително денешните 324, изнесува 9.085.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 00:13