Владеачката партија во Полска доцна вечерва соопшти дека планира да ги одложи претседателските избори во земјата закажани за во недела, пренесува Политико.

Лидерот на владеачката партија „Право и правда“ Јарослав Качински во својата изјава истакна дека заради „предвидената одлука на Врховниот суд да ги поништи изборите… спикерот на парламентот ќе распише нови претседателски избори на првиот можен датум “.

Иако, согласно анкетите во Полска, кандидатот предложен од партијата „Право и правда“ Анджеј Дуда има најголеми шанси и највисок рејтинг за победа во првиот круг, сепак Качински се одлучи да ретерира во однос на оддржувањето на изборите од причина што здравјето на граѓаните според него е најважно од било каква изборна победа.

Додека Полска се решава за одлагање на претседателските избори и тоа на штета на владеачката партија, во Македонија, пак, власта секојдневно се залага за оддржување на што побрзи избори што би било на некој начин организирано ставање во ризик на избирачите во случај кога сите најави, и домашни и светски, говорат за тоа дека коронавирусот ќе биде присутен и во текот на летните месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 01:02