Лидерот на владејачката полска партија синоќа објави дека е постигнат договор за одложување на претседателските избори и дека допрва треба да се избере нов датум за нивно одржување.

Јарослав Качински, лидер на партијата Право и правда и претседателот на мала партија во владејачката конзервативна коалиција Јарослав Говин ја нарекоа нивната одлука „решение што ќе им гарантира на Полјаците можност да учествуваат на демократски избори“.

Претседателските избори беа закажани пред неколку месеци на 10 мај, но пандемијата на вирусот и забраната за движење предизвикаа пореметувања за нивно одржување.

Не беше постигнат договор за алтернативно решение, поради остри конфликти меѓу владата и нејзините противници, кои побараа одложување на изборите поради опасност од ширење на инфекција со коронавирусот.

Партијата на Качински сакаше изборите да се одржат на 10 мај, но со гласање по пошта. Сепак, многумина во Полска изразија загриженост дека изборите може да не бидат фер поради таквото гласање.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 10:17