Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од илјада луѓе се хоспитализирани поради истекување на отровен гас во хемиска фабрика во југоисточна Индија, соопштија локалните власти.

Здравствените власти стравуваат дека бројот на загинати може да биде многу поголем.

Несреќата се случила ноќеска, додека луѓето спиеле.

Властите ги пребаруваат куќите со цел што е можно повеќе луѓе да добијат лекарска помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 10:37