Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) предупреди дека повеќе од 43 милиони луѓе во западна Африка ќе се соочат со опасност од недостиг на храна во наредните месеци, како резултат на новиот коронавирус.

Портпаролката на WFP, Елизабет Баерс рече дека милиони луѓе во Африка се наоѓаат во тешка состојба поради болеста Ковид-19, конфликти и климатски промени.

Истакнувајќи дека околу 12 милиони деца под пет години од јуни до август ќе се соочат со неухранетост во регионот, таа рече дека повеќе од 43 милиони луѓе се изложени на ризик од недостиг на храна.

Баерс изјави дека околу 21 милион луѓе во западна Африка ќе имаат проблеми со пристап до храна во следните три месеци. Таа наведе дека болеста Ковид-19 дополнително ја влошила состојбата во тој дел од светот.

На речиси седум милиони луѓе во Етиопија им е потребна помош од храна, поради недостигот на дожд и сушата.

Националната комисија за управување со ризици од катастрофи во Етиопија објави дека е потребна милијарда долари за да им се помогне на речиси седум милиони луѓе.

Сушата има негативно влијание врз економијата и животот во таа земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 10:40