Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот фесбук профил.

– Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот, наведува во објавата.

Таа додава дека најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.

Оценува дека брзата адаптација е клучот за успехот.

-Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300% е зголемен извозот на ”други текстилни производи”: април 2020 390 милиони денари, април 2019 135 милиони денари,наведува министерката и додава дека тоа е пример за сите и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.

Порачува да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 11:00