Австриската Влада подготви план за евентуален втор бран на ширење на Ковид-19, што предвидува нови рестриктивни мерки, а прво ќе се затворат училиштата.

Планот е фокусиран на превенција, а стапката на зараза и факторот на репродукција на вирусот детално ќе се анализираат и во случај на голем скок ќе се реагира брзо.

Всушност, ако во еден регион, општина, град или покраина има експоненцијален раст, Владата ќе воведе карантин.

Исто така планирано е да се воведе и физичко дистанцирање, угостителските објекти ќе се затворат, а на крај ќе се затворат и продавниците.

Австриската Влада се надева дека вториот бран на зараза со новиот коронавирус би бил многу слаб.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 11:15