САД нема да го променат својот став кон Светската здравствена организација дури и после барање на Германија да ги преиспита последиците од одлуката за суспендирање на финансирањето за оваа меѓународна организација.

-Нашиот најголем приоритет е заштитата на човековите животи, а не јавно декларираните гестови и ситната политика, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео во писмото до неговиот германски колега Хеик Мас, пренесува весникот „Зидојче Цајтунг“.

Кон средината на минатиот месец, Мас испрати писмо до Помпео во кое го замоли да размисли за последиците од прекинувањето на финансирањето на СЗО.

Во одговорот на писмото Помпео ги повтори своите критики кон СЗО. Тој наводно го забележал наводниот синџир на неуспеси на оваа организација, чиј најголем финансиер со децении беше американскиот народ.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 12:32