Германската полиција денеска спроведе рација помеѓу берлински салафисти во близина на џамијата Фусилет, во која беше уапсен и терористот Анис Амри, кој во 2016 година уби 12 лица на божиќен пазар во Берлин.
Салафистите, ултраконзервативни исламисти, се обвинети дека на нелегален начин добиле помош, како дел од мерките да се спаси економијата во време на криза поради пандемијата на новиот коронавирус.
Според обвинителството, едно лице е уапсено, а извршен е претрес во повеќе станови и возила.
Вкупно пет лица се осомничени, а како што е истакнато, тие припаѓаат на „внатрешниот круг на салафистичката сцена“ во Берлин.
Џамијата Фусилет е позната по Анис Амри, кој изврши терористички напад во декември 2016 година, по што беше забрането Здружението на Фуслиет џамијата.