Дел од словенечките медиуми како провокација ја оценуваат постапката на Виктор Орбан, кој на социјалните мрежи објави карта на „голема Унгарија”, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Интернет страната на Поп ТВ, во текст до наслов „Нова орбанова провокација со карта на голема Унгарија?” пишува дека во мапата која ја објави унгарскиот премиер влегува и словенечката област Прекмурје.

– Ова не е прва провокација на Орбан. Само лани тој си дозволи уште две. Минатата година во април и унгарската амбасадорка во Словенија Едит Зилагине Баторфи се фотографираше и позираше пред карта на „голема Унгарија”, пишува медиумот.

Инаку, на објавената мапа реагираше и поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор, која на твитер праша дали некој во Хрватска ќе преземе нешто по ваквите објави на Орбан.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 12:50