Долниот дом на полскиот Парламент денеска го усвои предлог-законот со кој се дозволува претседателските избори, што ќе се оддржат во недела, да се одржат преку пошта.

Долниот дом го донесе законот со 236 гласови „за“ и 213 „против“, со 11 „воздржани“. За мерката да може да стапи во сила, сепак, треба да ја потпише и претседателот на државата.

Критичарите стравуваат дека набрзина подготвеното дописно гласање, овозможено со донесениот закон, може да резултира во избори што нема да се фер и демократски, пишуваат британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 12:52