Националната здравствена служба на Велика Британија утврди дека заштитната медицинска облека испратена од Турција е неисправна, објави денеска лондонскиот весник „Сан“.

Велика Британија минатиот месец од Турција порачала 400.000 парчиња заштитна облека.

– Три дена по предвидениот рок за испорака во Велика Британија пристигнале само 32.000 парчиња заштитна облека, а потоа пристигнале и останатите, но Националната здравствена служба утврди дека се неисправни, наведува „Сан“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 13:05