Службите за брза помош ширум Европа регистрираа за 60 проценти повеќе повици од жени жртви на семејно насилство за време на изолацијата воведена поради пандемијата со Ковид-19, предупреди денеска европската канцеларија на Светска здравствена организација.

Семејното насилство над партнерот или детето има тенденција на зголемување во периодот на криза, посебно со рестриктивните мерки и изолацијата, воведени поради ширењето на новиот коронавирус.

– Земјите-членки во април утврдија зголемување за 60 отсто на итните повици од жени жртви на насилство од страна на партнерите во однос на минатата година, изјави директорот на европската канцларија на СЗО, Ханс Клуге на прес-конференција во Копенхаген.тој додаде дека такво зголемување е регистрирано речиси во сите земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 14:49