Новата „Недела на машката мода“ во Париз ќе се организира од 9 до 13 јули, и тоа како интернет-ревии. Тоа значи дека колекциите прет-а-порте за мажи, за сезоната пролет-лето 2021, ќе бидат прикажани во облик на филм или видео, соопшти Француската федерација за висока мода.

Поради пандемијата на новиот коронавирус, настанот првично планиран за 23 – 28 јуни, беше одложен.

Модната куќа „Сен Лоран” потоа соопшти и дека ги откажува сите недели на модата за 2020 година, поради корона-пандемијата. Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани, кој е претставник за колекциите прет-а-порте во Милано и високата мода во Париз, од своја страна, во отворено писмо, исто така, повика „ненужното да биде откажано”.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 14:51