Британската статистичка служба (ОНС) денеска соопшти дека врз основа на модели адаптирани на низа социоекономски фактори е утврдено дека постојат значителни разлики во опасноста од Ковид-19 кај различни етнички групи.

– Ризикот од смрт поврзан со новиот коронавирус кај некои етнички групи е значително поголем отколку помеѓу белото население. Луѓето од Бангладеш, Пакистан и Индија се под значително поголем ризик да починат од Ковид-19 во споредба со белата популација, се наведува во извештајот на ОНС.

Ако се земат предвид и факторите како сиромаштија, образование и здраствена состојба, тогаш според ОНС, црнците имаат за 4,2 проценти поголема можност да починат од Ковид-19 отколку белците. Додека ризикот кај луѓето од Бангладеш е за 1,8 отсто поголем во споредба со белото население.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 15:12