Премиерот на Пакистан, Имран Кан денеска најави дека од сабота се укинуваат дел од рестриктивните мерки воведени во земајта поради пандемијата со новиот коронавирус.

Тој истакна дека укинувањето на дел од мерките е со цел да се обезбеди неколку милиони луѓе да на ја загубат својата егзистенција, во земја каде речиси 40 отсто од населението живее во сиромаштија.

Додека пакистанскиот министер за планирање Асад Умер најави дека ќе бидат отворени клучните економски сектори, вклучително и земјоделството, градежништвото, производството и трговијата на мало.

Но, јавниот превоз, како и железничкиот и авионскиот сообраќај и понатаму ќе бидат затворени, додека образовните институции нема да работат до 15 јули.

Но, се уште не е познато дали ќе бидат отворени џамиите за молитви за време на светиот месец Рамазан.

Во Пакистан повеќе од 23.000 луѓе се заразени со Ковид-19, од кои 550 лица починале.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 15:30