Африка е единствениот континент каде што се забрзува исчезнувањето на шумите, според првичните податоци од петгодишниот извештај на Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО). Додека некои јужноамерикански земји честопати беа критикувани за неразумно искористување на шумите, Латинска Америка ги преполови загубите на шумските области.

Латинска Америка изгуби 5,2 милиони хектари шуми на годишно ниво помеѓу 2000 и 2010 година, а рамнотежата помеѓу уништувањето на шумите и пошумувањето падна на просечна загуба од 2,6 милиони хектари годишно во периодот помеѓу 2010 и 2020 година. Сепак, загубата на шумите во Африка е забрзана помеѓу двата периода и изнесува од 3,4 на 3,9 милиони хектари шума секоја година. „Ова е многу лоша вест за Африка“, коментира Ен Брантом, експерт на ФАО. Според неа, објаснувањето можеби е во демографскиот раст во областа.

– Недоволното намалување на сиромаштијата, заедно со демографскиот раст, претставува притисок врз шумите во Африка, вели Брантом.

Од 1990 година, светот изгуби 178 милиони хектари шума, што одговара на целата површина на Либија.

Вкупните шуми во светот покриваат нешто повеќе од 4 милијарди хектари или околу 31 процент од копното.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 22:10