За љубителите на животинскиот свет, каналот „Нејшенл џиографик“ објави видео на кое се гледа како пчели намамуваат, поточно „паметно“ го насамаруваат и убиваат азиски стршлен, што е 4-5 пати поголем од нив.
Имено, пчелите прво го примамуваат натрапникот во своето осило, го чекаат мигот кога тој целосно паѓа во стапицата, односно кога веќе нема излез, и тогаш сите го напаѓаат.
– Но, пчелите не го боцкаат стршленот, туку сите одеднаш ја засилуваат вибрацијата, создавајќи така топлина од 117 Фарнхајтови степени (47 Целзиусови степени)… Стршленот, всушност, на тој начин е жив спржен, вели нараторот.
Така, местото на осилото останува тајна за другите стршлени.
Азискиот стршлен, познат и како стршлен убиец, со својот убод,е смртоносен за луѓето.