Министерството за правда на САД ја отфрли кривичната пријава против Мајкл Флин, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.
Пред три години, Трамп го отпушти Флин затоа што лажел за неговите контакти со Русија, а специјалниот претставник Роберт Милер го повика да соработува во „руската истрага“.
Барањето за напуштање на случајот, доставено синоќа до сојузниот судија на Окружниот суд во Вашингтон, е ненадеен крај на долготрајната правна битка која неодамна беше плодна основа за нападите на Трамп врз поранешното раководство на ФБИ.
Судот сепак мора официјално да го одобри тоа барање, во кое Министерството за правда го осуди ФБИ за сослушување на Флин во првите недели од претседателството со Трамп.
Министерството оцени дека таа контраразузнавачка истрага за Флин поради неговите контакти со Русија, не е „повеќе оправдана“.