Кинески и американски преговарачи ветија дека ќе го спроведат трговскиот договор потпишан претходно оваа година и покрај епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Соопштението е издадено, како што се наведува, по телефонскиот разговор меѓу претставниците на Пекинг и Вашингтон. Договорот предвидува Кина да купи американски производи во вредност од 200 милијарди американски долари во текот на следните две години.

Според условите на договорот, американската администрација вети дека ќе одложи какво било натамошно зголемување на царините за увоз на стоки од Кина.

Договорот беше потпишан во јануари и неговото спроведување можеше да биде доведено во прашање по избувнувањето на пандемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2020 10:29