Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени кога во паника ги напуштале своите домови откако земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди северниот дел на Иран.

Едно 21-годишна девојка починала од срцева слабост во Техеран, додека 60-годишен маж починал како резултат на повреда на главата во градот Дамаванду, источно од Техеран, соопштија локалните власти.

Според надлежните, после земјотресот се почувствувале неколку помали потреси, но не е предизвикана сериозна материјална штета.

Властите апелираа до граѓаните, кои ноќта ја минаа надвор, да ги почитуваат мерките за физичко растојание со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус, од кој досега починаа 6.486 лица, а заразени се 103.135 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2020 10:32