Светски познатиот моден креатор Џорџо Армани одлучи работните простории на својата куќа на високата мода во Париз да ги премести во Милано, Италија.

Седиштето на модната куќа е во француската престолнина од 2005 година, а отсега тие ќе ги претставуваат новите колекции во историската Палата Орсини во Милано. Претставувањето во блиска иднина „нема да биде сезонско”, истакнува Армани.

Дизајнерот веќе откри и дека машките и женските колекции на Џорџо и Емпорио Армани ќе бидат претставени в септември, во Милано.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2020 14:03