Јужнокорејските здравствени власти следат мал, но растечки број на новозаразени со Ковид-19, поврзани со неколку ноќни клубови во Сеул.

Најмалку 15 случаи на зараза се поврзани со клубовите во Итаевон, сеулски кварт поуларен помеѓу Корејците и туристите, објави денска корејскиот центар за контрола и превенција од болести (КЦДЦ).

Во Јужна Кореја во изминатите денови регистрира мал број на зараза, а поголемиот број пристигнале од странство. Но, се очекува дека ќе порасне бројот на лица кои се заразиле во ноќните клубови.

Јужнокорејската Влада поради новите жаришта планира да побара од ноќните клубови и кафулиња доброволно да ја прекинат работата еден месец, а во случај да продолжат да работат мораат да ги почитуваат превентивните мерки. Сите посетители ќе мора да носат маски, да бидат на оддалеченост од најмалку еден метар, а локалите да ги запишуваат имињата на посетителите.

Локалната власт во Сеул соопшти дека има листа од 1.500 луѓе кои ги посетиле клубовите и ги повикаа да се тесираат за време на викендот и да се самоизолираат 14 денови.

Јужна Кореја која има 51 милион жители во текот на месецот регистрира едноцифрен број на новозаразени лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2020 15:21