На меѓународниот аеродром Остин-Бергстром во Тексас, авион од типот Боинг 737 синоќа по локално време, удрил во човек кој се движел по пистата и починал на местото на несреќата, пишува британскиот весник „Метро“.

Пилотот го видел човекот пред да го удри, се обидел да изведе маневар за да го избегне, но не успеал. Веднаш пристигнала медицинска екипа, која само ја констатирала смртта.

Жртвата немала никакви документи за идентификација, а полицијата започна истрага за да утврди за кого станува збор и како тој се нашол на пистата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2020 15:37