Во изминатите 24 часа во Франција од Ковид-19 починаа 243 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 26.230, јави дописникот на МИА.

Притисокот врз одделенијата за реанимација во болниците продолжува да се намалува, на интензивна нега се наоѓаат 2.868 тешки случаи, односно 93 пациенти помалку од вчера.

На болничко лекување се наоѓаат вкупно 22. 724 лица, во споредба со вчера кога во болниците имаше 23. 208 лица поради коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2020 23:49