САД денеска го спречија гласањето во Советот за безбедност на ОН на резолуцијата што се однесува на пандемијата од коронавирус, очигледно поради тоа што во документот прикриено се споменува Светската здравствена организација, изјавија дипломати од ОН за француските медиуми.

Текстот, што се договараше од март, повикува на прекин на непријателските активности во зоните на конфликти низ светот, за владите да можат да се справат со пандемијата.

-САД ја блокираа постапката, што ќе доведеше до гласање на резолуцијата, изјавија дипломатите.

Американскиот претседател Доналд Трамп беше особено критичен кон СЗО, оценувајќи го како неправилно нејзиното управување со светската здравствена криза и потоа го запре американското финансирање за оваа здравствена агенција на ОН.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 00:21