Бројот на починати од последиците од коронавирусот во домовите за стари лица во Охајо продолжува алармантно да се зголемува, изјави Мелани Амато, претставник на здравствената служба на таа американска сојузна држава.

Околу 500 пациенти во домовите за нега на стари и изнемоштени лица починале од ефектите на Ковид-19 во последните три недели, што е речиси двојно повеќе регистрирани смртни случаи отколку пред две недели, покажуваат податоците со кои располагаат властите во Охајо.

Од средината на април, повеќе од 4.300 штитеници на домови за стари лица во Охајо биле позитивни на тестот за новиот коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 11:49