Претседателот на САД, Доналд Трамп и саудискиот крал Салман, во телефонски разговор го потврдија „силното американско-саудиско партнерство во одбраната“, соопшти Белата куќа.

Телефонскиот разговор меѓу Трамп и кралот Салман следеше еден ден откако по извештаите дека САД планира да повлече два противракетни системи „Патриот“ од Саудиска Арабија, поставени за одбрана против Иран.

„Претседателот Трамп и кралот Салман се согласија за важноста на стабилноста на глобалните нафтени пазари и го потврдија силното американско-саудиско партнерство во одбраната“, рече портпаролот на Белата куќа.

Тој изјави дека Трамп и Салман разговарале и за други клучни регионални и билатерални прашања, но не го спомнал прашањето за системите „Патриот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 12:15