Прехранбена продавница во Торино е затворена со парична казна од 400 евра бидејќи вработените не носеле заштитни маски, што е според правилата во новата фаза од епидемијата на Ковид-19 во Италија.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, полицијата за време на контролата утврдила дека менаџерот, еден продавач и муштерија немале маски. Исто така, на влезот во продавницата немало ниту средство за дезинфекција за раце, како што налагаат правилата воведени за спречување на ширењето на вирусот.
Италија во последните два месеца од блокадата, на 4 мај почна со олабавување на рестриктивните мерки воведени во борбата против Ковид-19.