Околу 70 лица избегале од карантинскиот центар во областа Невада во индиската држава Бихар, поради лоши услови и недостиг од храна.

Локалните медиуми јавија дека мигрантите избегале од центарот, носејќи ги и своите работи со себе.

Претходно, повеќе од 20 мигранти избегаа од центарот за карантин во североисточниот округ Катихар во Бихар.

Тие, исто така, се пожалија на недостиг на храна и несоодветни услови во објектите.

Десетици илјади работници мигранти избегаа од градовите и се вратија во руралните домови, плашејќи се од глад, откако во Индија на 25 март се воведоа карантински мерки на национално ниво поради пандемијата на вирусот Ковид-19.

Во Индија повеќе од 60.000 луѓе се заразени со вирусот, додека 1.981 починале.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 16:43