Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ бара заем во висина од 2,8 милијарди американски долари од најголемите банки во земјата, поради намалената продажба како резултат на пандемијата на вирусот Ковид-219.

Агенцијата Кјодо наведува дека продажбата на автомобили на „Мазда“ во Северна Америка и Европа, нејзините главни пазари, опаднала, а производството во погоните во Јапонија и другите земји е стопирано.

Поради пандемијата, „Мазда“ го намали производството за 130.000 возила, што е речиси 10 отсто од годишната продажба.

Другите јапонски производители на автомобили, како што се Тојота, Нисан и Митцубиши, исто така побарале помош во вид на заем, пренесува Кјодо.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 23:54