Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) предупреди дека факторот на репродукција на вирусот, кој покажува колку лица може да зарази заболен човек, во Германија повторно достигна критична вредност.

Според податоците на РКИ, таканаречениот Р-фактор (или РО) синоќа достигна вредност од 1,10. РКИ секогаш потенцираше дека е важно овој фактор да биде под 1, за вирусот полека да исчезне.

Во средата, Р-факторот беше на 0,65, а од тогаш стабилно расте.

„Растот на Р-факторот значи дека е неопходно многу внимателно да се следи развојот во следните денови“, потенцира РКИ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 00:09