Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара никогаш да не се заборави ропството, а по повод Денот на укинување на ропството, кој годинава во Франција се одбележува поскромно поради епидемијата на коронавирус.

„Денот на сеќавање на трговијата со робови, ропството и неговото укинување, кој во Франција е воведен во 2001 година, постоа за никогаш да не заборавиме на тие страници од нашата историја“, напиша тој на социјалните мрежи.

Макрон вели дека овој Ден потсетува на варварското тргување со црнци и на колонијалното ропство – тоа злосторство против човештвото кое се спроведувало со векови.

– Но, исто така не потсетува и дека со осудата и уривањето на таквиот систем станавме она што сме: земја со човекови права, единствена и неделива Република, која од својата различитост ја црпи силата на универзалноста, додаде Макрон.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 00:30