Во старечки дом во местото Красногорск, во непосредна близина на Москва, ноќеска избувнал пожар во кој загинале десет лица, а причината била неисправни инсталации, соопшти Истражниот комитет на Одделот за истраги на московскиот регион.

„Според првичните податоци, пожарот избувнал поради неисправни инсталации“, за Тасс изјавија иследниците.

Покрената е истрага за пожарот во домот, лоциран во приватна куќа, за да се испита дали биле исполнети сите безбедносни услови.

Домот работел нелегално во колиба изнајмена од неименувано лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 12:04