Во Радовиш денеска се изврши дезинфекција пред Здравствениот дом и на повеќе јавни површини во градот за спречување на ширењето на коронавирусот, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

-Дезинфекцијата е во рамките на редовните активности на ЈП „Плаваја“ и со денешната продолжуваме со извршување на одлуките и препораките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и Владата, додаваат во информацијата од радовишкото комунално претпријатие.

Од Општина Радовиш и ЈП„Плаваја“ апелираат на максимално почитување на сите мерки и препораки од надлежните органи.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 12:42