Забавниот парк Дизниленд во Шангај, Кина, денеска е повторно отворен за посетителите откако кон крајот на јануари беше затворен поради епидемијата на Ковид-19 во земјата.

Ова е првиот Дизниленд парк што повторно проработi по вонредните мерки предизвикани од пандемијата ширум светот.

Бројот дозволени посетители, сепак, е ограничен, пренесуваат кинеските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 12:45