На утрешниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ поканет е генералниот секретар на НАТО Алијансата, двете организации сакаат поблиска соработка во борбата против пандемијата, информираат високи дипломатски извори инволвирани во подготовката на утрешниот совет за одбрана на ЕУ.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, за ЕУ како и за НАТО е „очигледно“ дека двете организации „добро соработуваат и можат да направат повеќе“.

– Тоа е целта на состанокот утре, НАТО има своја единица за коронавирусот, ЕУ има своја, ЕУ има Центар за координација на итна помош, во НАТО има еквивалент на ова, и во НАТО сакаат да видат како воените сили можат да им помогнат на цивилните за менаџирање со кризата, објасни висок дипломатски извор од Советот на ЕУ.

На утрешниот состанок, кој ќе се одржи како видеоконференција, шефот на Алијансата, Јенс Столтенберг и шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел ќе разговараат детално на овие теми и ќе се обидат да ги идентификуваат областите во кои ЕУ и НАТО можат да соработуваат повеќе за спречување хибридни напади и на сајбер безбедноста, како и на паралелни координирани вежби, вели дипломатот.

– Високиот претставник на ЕУ најверојатно ќе поддржи подлабока работа со НАТО на сценарија и вежби за да се утврди колку сме подготвени да се соочиме со хибридни закани и сајбер безбедноста, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 16:44