Продажните цени на производителите на индустриски производи во март се пониски за 1,4 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за еден отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 12 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,8 отсто.

Според објавените податоци продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,7 отсто.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 18,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 17:12