За утре закажано е рочиште во Врховниот суд на САД кога ќе се разгледуваат аргументите на американскиот Конгрес и јавниот обвинител на Њујорк за пристап до даночните пријави на американскиот претседател Доналд Трамп.

Правната битка за пристап до информации за уплата на даноци, парични трансакции и книговодствени материјали на Трамп, која започна лани пролетта, се очекува конечно да добие разрешница деновиве. Врховниот суд на на почеткот на месецов започна со работа, по повеќе неделниот прекин поради коронавирусот.

Судот заседава во далечински режим, а седниците се отворени за јавноста преку телефон.

Адвокатите на Трамп и Министерството за правда утврдуват дека претседателот нема право да ги открива своите финансии и даночни пријави, и може да блокира пристап до тоа, бидеќи барањата се премногу наметливи и претседателот има имунитет од криминални истраги додека му трае мандатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 22:53